четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија тоне во корупција

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија тоне во корупција

Корупцијата со оваа Влада на Заев силно метастазира низ сите пори на државата!

Според најновите податоци на Transparency International, Република Македонија тоне длабоко во корупција и заедно со Косово и Албанија се наоѓа во групата на високо корумпирани земји.

Дополнително, последните афери за рекетирање и уценување на бизнисмени каде има индиции за вклученост на судии, јавни обвинители, високи функционери на власта, како и голем број на коруптивни скандали со криминални тендери го поткопа целиот општествен систем, ја намали довербата на граѓаните во институциите и ја наруши сигурноста на бизнис секторот.
Тоа се разбира на крај ќе има фатални последици врз економскиот и општествениот развој на земјата.

Оваа коруптивни и неспособна Влада на СДСМ прави големи штети за просперитетот и иднината на земјата и поради тоа час поскоро треба да си замине од власт за да на нејзино место дојдат чесни и честити луѓе кои ќе ја поведат земјата кон нови успеси.

Пишува во Фејсбук статусот на комисијата на ВМРО-ДПМНЕ за економија.

Коронавирус