сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Филипче ја има само на листата на починати, но не на онаа кои вакцинираат против корона

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Филипче ја има само на листата на починати, но не на онаа кои вакцинираат против корона

Српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот, Владимир Путин постигнаа иницијален договор за производство на руската вакцина во Србија. Група екссперти следната недела доаѓа в Србија за старт на прозиводство на руската вакцина во Србија. Ова вчера беше вест во светските медиуми, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ до јавноста.

– По број на жители најмногу вакцинирани има во Израел, Велика Британија и САД, а на четврто место на светската листа е Србија.
Македонија ја нема на листите за тоа колку лица се вакцинирани, затоа што нема вакцини, ама ја има на листите за број на заболени и починати. И тука котира високо затоа што има скоро три илјади починати или околу илјада и петстотини починати на милион жители, велат од партијата.

– Ова е резултат од (нe)работата на Филипче. Ова е резултат на тоа што Филипче се возеше на КОВАКС механизмот. Ова е резултат на непреговарањето со прозиводителите на вакцини. Ова е резултат на бирањето/одбивањето од каде вакцини, а во суштина никој не ги ферма надлежните во Македонија. За ова одговорност мора да има, посочуваат до ВМРО-ДПМНЕ.

ЕУРО 2020

Македонија