сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија скапо ја плаќа желбата на Заев за власт и богатење

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија скапо ја плаќа желбата на Заев за власт и богатење

Македонија скапо ја плаќа желбата на Заев за власт и богатење, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните скапо ги чини неспособноста на СДСМ и нивниот обид да се задржат функциите преку заплашување и пресметка со сите кои не мислат како аболицираниот Зоран Заев. Оливер Спасовски и Зоран Заев потрошиле 4 милиони народни пари за само една година поради нивната патолошка потреба за политичка одмазда. Годишно МВР предводено од Спасовски трошело по 4 милиони евра кои се исплаќале за оштета на вработените поради изгубени судски процеси заради незаконски смени и деградирања. Наместо тие средства да се употребат за изградба на градинки, училишта или болници, Оливер Спасовски и Зоран ги потрошиле овие пари за политички реваншизам и покажување лажна моќ. Сите припадници на МВР кои биле мета на изживување од страна на сегашниот технички премиер Оливер Спасовски ќе ја дочекаат правдата, потенцираат од партијата.

Од таму додаваат дека јавното обвинителство мора да отпочне истрага за расипничкото работење на Оливер Спасовски и соодветно да го санкционира. Парите кои се расипнички истрошени , мора да бидат вратени во буџетот.

-На само неколку дена пред формирање на техничката влада во МВР се случил хаос во однос на делење партиски решенија за вработување, како и решенија за преместување од едно на друго работно место. Народот не е должен да ги плаќа личните задоволства на овој криминоген тандем Спасовски – Заев. На 12 април ќе биде испратена пораката Зоран Заев, никогаш повеќе!, велат од партијата.

Коронавирус