четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Македонија осиромашува и се празни заради неспособноста на СДСМ

Македонија осиромашува и се празни заради неспособноста на СДСМ

СДСМ постојано ги лаже и манипулира граѓаните. Платите не растат реално а тоа е видливо од фактот што стандардот е очајно низок и граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Македонија има еден од најниските стандарди за живот како во регионот така и во Европа. Над 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата додека секој трет во државата има проблем да обезбеди основна егзистенција.  Со СДСМ на власт граѓаните не живеат туку преживуваат, ова денеска преку реакција до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ во врска со соопштението на СДСМ.

-Заев и СДСМ не направија никакви суштински реформи за овие три години. Нема ништо од ветувањата за 500 евра плата. Популистичките мерки кои ги носеше СДСМ не донесоа суштински промени ниту вродија со поквалитетен живот или повисоки реални примања. Граѓаните секојдневно тоа го чувствуваат на сопствениот грб со се поголемите покачувања на трошоците на живот и давачките. Во овие три години СДСМ дополнително ги осиромаши граѓаните и ги разочара со своите лажни ветувања за подобар живот. Просветните работници не се задоволни, лекарите си заминуваат во странство заради лошите услови во здравството, домашните компании дишат на помошни апарати додека младите  масовно се иселуваат.  Дека младите се во очајна состојба кажуваат и податоците од реномираните институции. Така според статистиката објавена од  еминентниот економски магазин „Економист“,  Македонија се наоѓа на третото место во светот по стапката на невработеност на младите луѓе од 15 до 24 години. Македонија  една од земјите со  најголема стапка на  младинска невработеност. Младинската невработеност е највисока во Европа додека долгорочната невработеност кај младите луѓе изнесува преку 80% во одредени региони од државата, стои во нивната реакција.

Од партијата додаваат дека додека обичниот граѓанин страда, СДСМ ги субвенционира газдите на фирмите. Законот за субвенционирање на придонесите за здравствено и социјално осигурување не функционира.

-СДСМ мора да си замине за да дојде подобар живот во Македонија. Зоран Заев и СДСМ ја уништија економијата и дополнително ја осиромашија државата. Затоа тие мора да си заминат за обновата на Македонија да почне, стои во реакцијата.

Коронавирус