сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 80
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија економски пропаѓа, Заев хаосот го покрива со тргување со највисоките национални и државни интереси

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија економски пропаѓа, Заев хаосот го покрива со тргување со највисоките национални и државни интереси

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ниту граѓаните, ниту државата се должни да ја плаќаат неспособноста на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

-Македонија заради него загуби една година во стагнација во период кога регионот и Европа ја искористија глобалната клима за економски раст. Сега Македонија ги изгуби и првите три месеца од втората година откако Анѓушев има ингеренции во економијата. Затоа Анѓушев од морални причини мора час поскоро да си замине од владата и да го препушти местото на некој што е заинтересиран за економски прогрес на земјава и има капацитет да работи за добро на граѓаните. Анѓушев и Заев не ги интересира развојот на Македонија, туку развојот на сопствените бизниси. Економското цунами Заев, Анѓушев и Тевдовски ја туркаат Република Македонија кон катастрофа, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ти се неспособни, немаат визија и не знаат како да се справат со економските предизвици

-Извештајот на државниот завод за статистика ја покажа националната катастрофа. Македонија економски пропаѓа. Македонија споредено со сите останати земји во регионот, е убедливо на дното по растот на БДП . Растот во првиот квартал од 2018 година во соседна Србија и во Словенија е 4,6% или за 46 пати поголем од растот на БДП во Република Македонија. Растот на БДП во Бугарија е 3,5% или за 35 пати поголем од растот на БДП во Република Македонија. Растот во Хрватска е 2,5% или за 25 пати поголем споредено со нашиот раст. Истовремено поразително е што граѓаните дополнително осиромашуваат. Разочарувачки е бројката од 0,1 отсто раст на БДП кога во исто време стапката на инфлација изнесува 1,5 што значи дека граѓаните се посиромашни од минатата година, се вели во соопштението на опозициската партија.

Од таму порачуваат дека одговорност за економското пропаѓање на државата мора да има.

-Сиромаштијата и бедата и огромните долгови со кои се соочуваат граѓаните се во постојан пораст. Приватниот сектор и стопанството се пред колапс, 7.000 текстилни работници се пред отказ додека градежништвото се соочува со невиден пад во неговата историја. Се е во хаос. Не постои сектор кој не е погоден од овие погубни политики. Земјоделието и земјоделците трпат ненадоместливи штети. ИТ секторот е во загрижувачка состојба. Сиот овој хаос, Заев го покрива со тргување со највисоките национални и државни интереси. На ова лудило мора да му се стави крај. Криминалниот картел на Зоран Заев, мора да падне. Република Македонија заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро, се вели во соопштението.

Коронавирус