вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 20
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е заробена и економски девастирана држава, време е за одговорност!

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е заробена и економски девастирана држава, време е за одговорност!

Што порано СДСМ си замине од власт, тоа подобро и за граѓаните и за државата, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Изминуваат десет месеци откако СДСМ ја има целосната контрола врз државата, а штетите кои ги предизвикуваат стануваат се поголеми и се потешко ќе биде да се надоместат. Македонија е заробена и економски девастирана држава. Ни медиумската цензура, ни скапо платената пропаганда, ни замолчениот невладин сектор можат да го прикријат тоа што граѓаните го чувствуваат на свој грб, наведуваат во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека економијата тоне, сиромаштијата се зголемува, стандардот опаѓа, корупцијата се зголемува.

-Отворено се тргува и лицитира со највисоките државни и национални интереси и се носат решенија за кои самиот Заев тврдеше дека се спротивни на Уставот. Тоа е сликата за Македонија откако СДСМ дојде на власт. СДСМ за десет месеци успеа да уништи се. Време е за одговорност. СДСМ е исплашен и треба да биде исплашен од судот на народот. Се ближи денот кога на избори ќе им биде кажано што мислат граѓаните за нивната деструктивна политика, порачуваат тие.

Коронавирус