петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е заложник на криминалниот картел кој го предводи Заев, правната држава стана мисловна именка

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е заложник на криминалниот картел кој го предводи Заев, правната држава стана мисловна именка

Македонија е заложник на криминалниот картел кој го предводи Заев. Правната држава стана мисловна именка, а за само една година СДСМ и Заев успеаја да го урнисаат целосно поредокот во државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваа дека обвинителството и судството наместо да го гонат криминалот, станаа негови заштитници, работејќи како партиски испостави кои служат единствено да го амнестираат криминалот на СДСМ.

-Боро Стојчев, градоначалникот шверцер од СДСМ е само последниот во низата амнестистарни од правосудниот систем во Македонија. Амнестиран како што беше амнестиран и неговиот шеф Зоран Заев во случајот „Поткуп“ во кој тој  од струмички бизнисмен без срам бараше мито од 200 илјади евра. Тоа што Заев го правеше како градоначалник, продолжи да го прави и како премиер. Корупцијата и криминалот царуваат во државата, а сомнително доделените грантови од Фондот за иновации на блиски соработници и партиски послушници се само последниот пример за тоа како работи Заев. Без разлика на молкот од органите на прогонот, народот го памети и криминалниот тендер во здравството тежок 35 милиони евра, се наведува во партиското соопштение.

За неполни две недели, посочуваат од партијата, Заев и СДСМ се обидоа од државата да украдат неверојатни 45 милиони евра.

-Заев општиот грабеж во државата се обидува да го компензира со распродажба на националните и државните интереси. Иако ветуваше и се колнеше дека нема да дозволи промена на уставното име на државата, а се колнеше и во своите предци и идни поколенија дека нема да дозволи промена на идентитетот и јазикот, Заев го направи спротивното. Картелот во обид да го сокрие најбруталниот грабеж во македонската историја се откажа од македонското име, јазик, идентитет, историја, култура, но и од Македонците во соседството. Како што претходно лажеше дека нема да се откаже од се што е македонско, Заев сега ги лаже и манипулира граѓаните со референдумот, и најави дека и да не успее референдумот ќе продолжи со имплементација на одредбите од капитулантскиот договор со соседна Грција, се нагласува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Заев од Македонија прави држава без минато и иднина само за да продолжи со грабежот на парите на граѓаните.

-Додека обичниот граѓанин се бори за парче леб, СДСМ ја задолжува државата со милионски суми само за да ги исплати најблиските соработници, медиуми, партиски послушници и државни функционери. Но, Заев и СДСМ се исплашени, знаат дека граѓаните нема да дозволат неговото криминално владеење да продолжи, знаат дека македонскиот народ ги прочита. СДСМ знае дека ќе дојде денот кога оние кои сториле криминал и оние кој го амнестирале истиот ќе одговараат за своите дела. Сепак Заев, најмногу се плаши од она на М, Заев е преплашен дека на крајот Македонија ќе победи, стои во партиското соопштение.

Најнови вести

Коронавирус