понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 179
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е клекната на колена, Заев ги распродаде македонските национални и државни интереси

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е клекната на колена, Заев ги распродаде македонските национални и државни интереси

Суд кој работи под криминален диктат на ликови како Заев и Пендаровски не дели правда, туку неправда. Кацарска судството и Русковска обвинителството се срам за правдата и правдината во Република Македонија. Заев има афинитет кон лажење и криминал, а со третата амнестија судот само го доведува во прашање сопствениот кредибилитет и не му помага, бидејќи криминалците имаат тенденција да ги повторуваат делата, особено доколку за нив им се прогледува низ прсти, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

„Апелациониот суд вчера со носење на ослободителна пресуда за Заев, за случај во кој што цела јавност виде дека бара мито, потклекна на притисоцитe. Дел од судство во Република Македонија е целосно партизирано и работи по насока на Заев и Пендаровски, занемарувајќи докази и аргументи. Судството слепо ги извршува политичките нарачки на единствениот аболициран политичар Зоран Заев и неговиот послушник Пендаровски. Додека институциите слепо работат во служба на Заев и неговиот криминал, Македонија и граѓаните секојдневно осиромашуваат.“

Од партијата потенцираат дека на Република Македонија и се потребни судии и јавни обвинители кои ќе работат независно и непристрасно, професионално и во интерес на Уставот и законите, а не судии кои судат во грч и под политички притисок.

-Заев и Пендаровски ја клекнаа Македонија на колена. Заев единствено што направи со доаѓање на власт е што ги распродаде македонските национални и државни интереси. Со СДСМ и Заев Македонија тоне. Ова мора што поскоро да запре. Затоа потребно е граѓаните масовно и целосно да се обединат и да дадат поддршка за кандидат за претседател на Република Македонија, за проф. д-р Гордана Силјановска Давкова. Република Македонија и граѓаните заслужуваат правда и правна држава каде што ќе има владеење на правото, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус