недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија додека се соочува со коронавирусот, власта продолжува да собира политички поени

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија додека се соочува со коронавирусот, власта продолжува да собира политички поени

Македонија додека се соочува со Корона вирусот, власта продолжува да собира политички поени, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Кога станува збор за здравјето на граѓаните не смее да има никакви калкулации, политиканство или делување само заради задоволување на суета. Наместо власта да води пи-ар стратегии, време е да се фати за работа. ВМРО-ДПМНЕ предлага итно замрзнување на обврските на компаниите кон државата чија што работа е поврзана или е погодена со ситуацијата. Предлагаме и итно замрзнување на обврските за компаниите кон банките и заемодавателите, најмалку за месец март а доколку е потребно и кризата продолжи, и за месец април, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ предлага државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите кои што се погодени во висина од 50% од вкупниот трошок за вработените, односно 50% од бруто плата.

-Потребно е да се направи анализа на сето она што се случува во моментот, кои сектори и компании се погодени и на истите да им се исплати државна помош во форма на субвенции. Економијата и здравството се главните постулати врз кои се темели секоја држава. Граѓаните се пред и над се, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Коронавирус