вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 6
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија брои 700 починати од корона, Филипче нема ни план ни стратегија, треба да си поднесе оставка

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија брои 700 починати од корона, Филипче нема ни план ни стратегија, треба да си поднесе оставка

Здравствениот систем во Македонија е во колапс уште пред да почне вториот бран од пандемијата со корона вирусот. Тоа е резултат на неспособноста и неодговорноста на Зоран Заев и Венко Филипче, велта од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакуваат дека Македонија заклучно со последното деноноќие достигна 700 починати од корона вирус и 16.780 заразени.

-Овие бројки се погубни и се едни од највисоките во регионот и Европа ако се земе предвид бројот на жители. Овие податоци се поразителни. Филипче прогнозираше осум пати помалку заразени и починати од корона кризата во првиот бран и заедно со Заев промовираа нова нормалност која придонесе епидемијата да излезе од контрола. Затоа вината е кај нив и она што може Филипче во најмала рака да направи е да си поднесе оставка како неговиот чешки колега. Владата покажа дека ниту знае, ниту може да се справи со здравствената криза. Единствено ги интересираше да се доберат до власт без да направат конкретен план и стратегија, заштитни протоколи и мерки како да се заштити здравјето и сега во пресрет на вториот бран не знаат што треба да прават. Заев и Филипче ги интересира само бизнисот на власта да врви, тие не се справуваат со проблемите, бидејќи самите се дел од проблемот, се наведува во соопштението од партијата.

Коронавирус