сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 59
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Мафијата на Заев и неговите слуги се покровители на обидот за убиство врз критичарот на власта Палевски

ВМРО-ДПМНЕ: Мафијата на Заев и неговите слуги се покровители на обидот за убиство врз критичарот на власта Палевски

Мафијата на Заев и неговите слуги се покровители на обидот за убиство врз критичарот на власта Љупчо Палевски, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Сторителите на таквиот грозоморен чин се познати, а инспираторите на тоа треба да се бараат во врвот на власта. Крвави се рацете на мафијашот Заев за чиј мандат се претепуваат политички неистомисленици, се линчуваат критички новинари, се води политичка хајка врз уредници и притисок врз медиуми. Сторителите на овие дела се уште не се спроведени пред лицето на правдата зошто добиваат закрила од мафијата на Заев. Неискрени се извинувањата на СДСМ затоа што одговорите треба да ги побараат од нивниот лидер и мафијаш Заев и тие кои нему му слугуваат, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус