среда, 28. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Мафија е кога за смртта на овчарот Божиновски виновни ќе бидат службеници во институции, а забеганоста на Филипче и Заев кои летаат со хеликоптери од забава, амнестирана

ВМРО-ДПМНЕ: Мафија е кога за смртта на овчарот Божиновски виновни ќе бидат службеници во институции, а забеганоста на Филипче и Заев кои летаат со хеликоптери од забава, амнестирана

За овчарот Златко Божиновски немаше амбулантно возило  за да му се спаси живот, но за забава на Зоран Заев и Венко Филипче имаше хеликоптер?! Доколку имаше хеликоптер и Божиновски на време ќе беше пренесен во здравствена установа и наверојатно ќе беше жив, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Институциите и функционерите целосно незаинтересирани си ја префрлаат вината, одговорност за нив не постои.  И за смртта на овчарот Божиновски на крајот виновни ќе бидат службеници во институциите, а забеганоста на Филипче и Заев кои летаат со хеликоптери од забава ќе биде амнестирана. 4.100 жртви од корона вирусот одат на совеста на Заев и Филипче. Што треба да се случи за Заев и Филипче да сфатат дека дека треба да заминат од функциите по што ќе одговараат? Крвави се нивните раце и треба да одговараат за смртта и погромот во Македонија. Забеганоста на Заев, Филипче, како и таа на Николовски Путерот кој среде пандемија замина на одмор во Дубаи, а Рашкоски во Мексиско треба и ќе биде казнета.  Мафија е кога во државата за рекет, за легални пасоши со лажен идентитет на нарко – босови одговораат службеници, а не главните криминалци сместени во политички фотелји. Мафијата мора да се соочи со одговорност. Само така граѓаните ќе се спасат, велат од партијата.

Коронавирус