среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 3
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Луј Витон судството на Заев е синоним за неправда и политичко наместо правни процеси

ВМРО-ДПМНЕ: Луј Витон судството на Заев е синоним за неправда и политичко наместо правни процеси

Луј Витон судството на Заев е синоним за неправда и политичко наместо правни процеси. Шверцери, насилници, заканувачи, рекетари, локални шерифи, измамници и разни криминалци се заштитени од судот и власта затоа што се функционери на СДСМ. Граѓаните ги гледаат физичките пресметки и загрозувањето на безбедноста, а несигурноста и стравот се секојдневие. соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат што се треба да направат функционерите на СДСМ за да добијат соодветна пресуда или против нив да се превземат соодветни постапки пред институциите?

-Заев лажеше пред очите на граѓаните дека осудува секаков вид на насилство, дека нема да се има никаква толеранција кон физичкото насилство. Курто Дудуш е последниот доказ колку вреди зборот на Заев. Заев исто така велеше дека ќе му побара оставка на Дудуш, но од оставката остана смешната судска опомена којашто ја доби од Луј Витон судството. Да се потсетиме дека градоначалникот Дудуш велеше дека членската книшка од СДСМ ќе биде како втора лична карта, дури и за на лекар. И двата случаи за физичко насилство на градоначалникот, власта прво се обиде да ги заташка, а сега гледаме како судството на Заев го спасува од одговорност насилникот од СДСМ. Марјанче Стојановски, градоначалникот на Демир Хисар, се закануваше и заплашуваше во училница наставници и родители, но и покрај признавање на делото, од Луј Витон судството на Заев и за него нема никаква одговорност.Боро Стојчев, градоначалникот на Ново Село, за шверцот на цигари преку граница и пукањето кон полицијата, Луј Витон судството на Заев му пресуди само 6 месеци, наведуваат од партијата.

ОД ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Заев се колнеше во правдата и реформираното судство пред меѓународната заедница, а на дело се неговите криминални вредности.

-Ако си близок на Заеви можеш да тепаш, да бидеш насилник, криминалец, напаѓач, да шверцуваш, да се изживуваш со граѓаните и ќе добиеш полициска и судска заштита. Правдата е недостижна со оваа власт, а судството е лакрдија. Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12-ти април следува одговорност. Заев и СДСМ – никогаш повеќе, нагласуваат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус