вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е кога според ОН половина милион граѓани гладуваат, а Заев да вели дека годинава била економски успешна

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е кога според ОН половина милион граѓани гладуваат, а Заев да вели дека годинава била економски успешна

Лицемерно е во ден кога ОН излегуваат со податок дека половина милион граѓани во државата немаат постојан пристап до храна и гладуваат Зоран Заев да вели дека годинава била економски успешна, ова денеска преку реакција на изјавата на Зоран Заев го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Да не беа добрите економски политики на претходната влада кои донесоа десетици инвестиции Зоран Заев ќе немаше денес со што да се фали. 2019 е економски најлоша година. Оваа година Заев ја заокружи со 300 милиони евра задолжување во само еден ден. Оваа година за првпат јавниот долг достигна 5 милијарди и 700 милиони евра. Годинава имаме рекордно ниско ниво на странски директни инвестиции, три пати помалку од лани. За разлика од Заев, Стево Пендаровски не мисли дека годината е добра, ниту дека блескаме, тој јавно призна дека доколку не е претседател би си заминал од државата, стои во нивната реакција.

Од партијата додаваат дека ниту годината е економски успешна, ниту блескаме. Граѓаните секојдневно ја гледаат зарѓаноста на економијата во сивото секојдневие.

-Лошата економска политика мора да запре. По 12 април следува обнова на Македонија и јакнење на економијата, стои во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус