среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 152
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Левица и Апасиев шират лажни вести, наместо да ужива во комодитетот на канцелариите, можеле да присуствуваат на седница на комисијата

ВМРО-ДПМНЕ: Левица и Апасиев шират лажни вести, наместо да ужива во комодитетот на канцелариите, можеле да присуствуваат на седница на комисијата

Левица и Димитар Апасиев шират лажни вести во врска со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во врска со Законот со кој се предвидува склучување на стратешко партнерство за изградба на автопати, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од опозицијата.

-Освен тоа што главната добиена задача на Левица е да го лепи неосновано ВМРО ДПМНЕ со СДСМ, освен тоа што професорот по право Апасиев денес покажа елементарно непознавање на правото и се посрамоти себе си, тие покажаа и дека неосновано, преку гол популизам ги трошат парите на граѓаните. Имено, Законот за кој реагираат е поднесен во скратена постапка од пратеници од мнозинството на власт. Во текот на вчерашниот ден на Комисијата за финансирање и буџет не се гласаше по однос на тој закон, туку истиот во рамките на скратената постапка е пренесен на одлучување на пленарна седница. А како ВМРО ДПМНЕ ќе гласа, Апасиев ќе види на самата пленарна лекција и ќе добие лекција за тоа како вистински се штитат националните интереси, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека доколку пратениците на Левица имаа став по ова прашање можеле да присуствуваат на Седницата на Комисијата наместо од комодитетот на своите канцеларии да пуштаат соопштенија за медиуми. Глумењето опозиција, и помагањето на Заев, не е исто со делување како опозиција.

Најнови вести

Локални избори 2021