петок, 3. јули 2020. Вести денес: 135
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

Во живо

Мицкоски на средби со граѓани во Шуто Оризари

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на Заев се плаќаат со човечки животи

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на Заев се плаќаат со човечки животи

СДСМ се тотално одлепени од реалноста. Нивната нова нормалност се руши како кула од карти. Народот веќе не им верува ниту ним , ниту на Филипче, ниту на Заев. Во ден кога во Македонија е забележан црн биланс со 52 нови заразени граѓани, СДСМ излегуваат со нови манипулации за платите на лекарите и здравствените работници и ги обвинува граѓаните за ширењето на заразата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

„Далеку се лекарите од ветените 100 илјади денари плата. Реалноста е дека заради СДСМ и политичките амбиции на Заев имаме фијаско во борбата со коронавирусот, а секој загубен живот оди на совеста на Заев.
Во едни вакви услови Зоран Заев турка избори што значи директно туркање кон изборна кланица.
Ситуацијата е излезена од контрола. Се покренува и сериозен сомнеж во работата на комисијата за заразни болести и во нивните проценки за мерките кои треба да се преземат. Народот умира, а Заев води кампања. Денес мртвите и заразените од корона одат на нечистата совест на Зоран Заев.“

-Повикуваме да се разрешат членовите на Комисијата за заразни болести и на нивно место да дојдат експерти со морален интегритет, луѓе на кои здравјето на граѓаните ќе им биде врвен приоритет.
Нив приоритет не им беа лекарите и здравјето и животите на граѓаните, туку приоритет им беше политиката и тоа како да го ублажат поразот и да ја спасуваат кариерата на Зоран Заев. Затоа правеа се само и само да се одржат избори по цена на здравјето и животите на граѓаните, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ и подвлекуваат:

„ВМРО-ДПМНЕ се разликува од СДСМ. Народот ќе го казни СДСМ и Зоран Заев заради трите години хибриден режим, неработење, неодговорност, криминали и корупција.“

Парламентарни избори 2020