четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ Куманово: Сите масовно, заедно и обединети да излеземе на протестниот собир на 2-ри јуни

Граѓаните сфатија дека изборните ветувања на СДСМ не само што биле нереални и неискрени, туку истите служеа само како алатка за да се дограбаат до власт, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ Куманово.
ВМРО-ДПМНЕ Куманово: Сите масовно, заедно и обединети да излеземе на протестниот собир на 2-ри јуни

Измина една година откако СДСМ и уценетиот Зоран Заев ја презедоа власта во Република Македонија. Измина една година исполнета со понижувања и лаги, една година на нереализирани ветувања, година со нула проекти, година на економско и национално истоштување, политички гафови и промашувања какви досега не сме виделе. Дури и најголемите поддржувачи и симпатизери на СДСМ денес се чувствуваат изневерени и прелажани, затоа што Заев ветуваше едно, а сега прави сосема нешто друго. Граѓаните сфатија дека изборните ветувања на СДСМ не само што биле нереални и неискрени, туку истите служеа само како алатка за да се дограбаат до власт, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

-Денес во Република Македонија, со оваа влада на СДСМ и ДУИ, стравот ја замени демократијата, неморалот го замени моралот, непринципите ги заменија принципите, а неказнивоста за владини функционери станува заштитен знак. Ова е време кога пратеници, уметници и обични граѓани – патриоти се обвинети за тероризам, а се пуштаат на слобода сторители на кривични дела, се промовираат  врвни советници за национална безбедност поранешни борци на ОНА како командант Хоџа. Ова е време кога премиерот не пропушта прилика да не убедува во својата чесност, а луѓето од неговото најблиско опкружување безмилосно проневеруваат милиони евра на дневна база. Насочени се кон креирање на колективна хипноза поткрепена со гол популизам и брутални лаги. Нема реформ и работа, има само неспособност и дилетанство. Време е да се разбудиме и да го дигнеме гласот сега, пред да биде предоцна! Да го дигнеме гласот противраспродажбата на националните интереси, против катастрофално водените преговори со Грција, против тиранската платформа како алатка за искористување на гласачите како бројки, против неуставниот закон за јазици и неговото насилничко изгласување, против лагата за 500 евра плата, против лагите кон докторите, младите и стечајците, против намалените пензии и субвенции, против нерасчистените убиства и ослободените криминалци, противпонижената полиција, беззаконието и рекетот, против пазарењето со случаите за Диво Насеље и Смилковско, против историското задолжување на државата, против преполовување на градежништвото, против уништувањето на куповната моќ и порастот на давачките.  Причините да го кренеме гласот се многу, но сублиматот на сѐ е: да го кренеме гласот за Македонија, порачуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ Куманово порачуваат дека Македонија може и Македонија заслужува подобро!

-Да ве повикам сите, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, сите обесправени и разочарани, сите кои живеат лошо и кои имаат потреба за правда, сите на кои не им е сеедно каква иднина ја очекува Република Македонија, ајде сите масовно, заедно и обединети да излеземе на протестниот собир на 2-ри јуни пред Владата во 20 часот и да испратиме гласна и јасна порака: Македонија ќе победи! ОК на ВМРО-ДПМНЕ за сите заинтересирани граѓани организира бесплатен превоз, со поаѓање од Куманово во 18:00 часот на следниве локации: Спортска сала, Соколана, Пожарна, бул III МУБ (Долче вита), бул. Октомвриска револуција (Жмара), н. Гоце Делчев (Кошеви), н. Зелен Рид (пошта), н. Карпош (крст), н. Перо Чичо (кокипроширење) и други локации за кои подетално може да се информираат во просториите на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, заклучуваат тие.

Коронавирус