четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 66
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот октопод на СДСМ на чие чело е аболицираниот Зоран Заев со своите пипци навлезе во сите пори на општеството

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот октопод на СДСМ на чие чело е аболицираниот Зоран Заев со своите пипци навлезе во сите пори на општеството

Криминалниот октопод на СДСМ на чие чело е аболицираниот Зоран Заев со своите пипци навлезе во сите пори на општеството. Граѓаните се жртви на криминалното работење на власта, ова денеска преку реакција го посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Никој во Република Македонија не верува дека човекот кој е три пати амнестиран за тежок криминал, Зоран Заев не е вмешан во најголмата корупциска афера во поновата македонска историја, случајот Рекет. Единствена партија во Македонија која застана во заштита на криминалот во Македонија е СДСМ. Што се случи одговорноста, кривична и политичка за Курто Дудуш, градоначалник од редовите на СДСМ кој во својот кабинет малтретираше граѓанин? Што се случи со ,,Leonardo will win” и одговорноста за Драги Рашковски кој навреди пријателска држава, ги навреди нашите сограѓани, а постојат и сериозни индиции за криминал? Кои се Кики и Фрики, дали Зоран Заев знае кој негови сопартијци се вмешани во аферата Рекет, дали тие се дел од операцијата за рекетирање и уценување на македонски бизнисмени? Во медиумите се шпекулриа дека Катица Јанева учестувала во рекетот, зошто таа не е осомничена, зошто Јанева не е во притвор? Правдата во Македонија ќе се врати кога Зоран Заев ќе си замине од македонската политичка сцена. Кога ќе се врати правдата ќе одговараат сите!, стои во нивната реакција до јавноста.