вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 44
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот картел на СДСМ за една година на народот му даде милиони причини зошто треба да биде сменет од власт

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот картел на СДСМ за една година на народот му даде милиони причини зошто треба да биде сменет од власт

Само во овие недела дена постојат 45 милиони причини, од типот „едно евро за Вицето“, зошто оваа ненародна власт треба да си замине што побрзо, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост: 

Само во една недела се обидоа да украдат 45 милиони евра, покажувајќи зошто граѓаните веќе се откажаа од Зоран Заев и неговите антидржавни политики.

Криминалниот картел за една година на народот му даде милиони и милиони причини зошто треба да биде сменет од власт и за тоа да одговара пред независно судство, но еве ги првите 30:

  1. СДСМ треба да падне од власт заради ослободителната пресуда за Заев во случајот Поткуп каде пред очиглед на јавноста бараше 200 илјади евра поткуп.
  2. СДСМ треба да падне од власт заради амнестијата и срамната преквалификација на делото на градоначалникот  шверцер од Ново Село, Боро Марлборо Стојчев, кој заедно со семејството беше фатен во шверц на 35 илјади кутии цигари.
  3. СДСМ треба да падне од власт заради потпишувањето на штетниот и капитулантски договор со Грција со кој се менува идентитетот на државата и на нацијата.
  4. СДСМ треба да падне од власт заради амнестија и ослободување од затвор на 850 осудени криминалци.
  5. СДСМ треба да падне од власт заради прифаќањето и реализацијата на Тиранската платформа.
  6. СДСМ треба да падне од власт заради економското цунами кое и се случува на Република Македонија која за една година се најде на дното со економски раст до 0%.
  7. СДСМ треба да падне од власт заради срамно нискиот процент на реализација на капитални инвестиции што е резултат на нивната неспособност и стопирање на сите проекти кои значеа раст на економијата.
  8. СДСМ треба да падне од власт заради задолжувањата кои бесрамно ги прават, а од кои граѓаните не видоа никаква корист.
  9. СДСМ треба да падне од власт заради јавниот долг кој ја надмина психолошката граница 5 милијарди евра
  10. СДСМ треба да падне од власт заради државниот долг кој ја надмина психолошката граница 4 милијарди евра.
  11. СДСМ треба да падне од власт заради притисоците и заканите врз администрацијата да работат спротивно на законот или им следи отпуштања и девалвирања, а на нивно место вработување на партиски војници и шарени револуционери за дебели хонорари.
  12. СДСМ треба да падне од власт заради кадровската политика во која Командант Џезаир Шакири Хоџа беше именуван за советник за безбедносни прашања.
  13. СДСМ треба да падне од власт заради меракот на Шекеринска и нејзините соработници со армиски хелихоптери да одат по ручеци.
  14. СДСМ треба да падне од власт заради скандалозното ослободување на обвинетите од случајот Смиљковско Езеро.
  15. СДСМ треба да падне од власт заради нерасчистеното убиство на Мартин Јанушев за кое буквално никој не е зад решетки.
  16. СДСМ треба да падне од власт заради нерасчистеното убиство на Никола Саздовски Саздо.
  17. СДСМ треба да падне од власт заради сомнителните набавки на возила во МВР и Министерството за одбрана од фирма која е спонзор на партијата СДСМ.
  18. СДСМ треба да падне од власт заради сомнителните бизниси на вицепремиерот Анѓушев.
  19. СДСМ треба да падне од власт заради тоа што Зоран му додели земјиште за градба во Струмица на Вице Заев.
  20. СДСМ треба да падне од власт заради континуираното прекршување на Уставот, законите и деловникот на Собранието.
  21. СДСМ треба да падне од власт заради прогонот на стотици граѓани во Македонија од кои некои се товарат за наводен тероризам, само затоа што се противат на штетните и погрешни политики на оваа ненародна власт.
  22. СДСМ треба да падне од власт заради очигледните изборни манипулации на локалните избори.
  23. СДСМ треба да падне од власт заради штетните политики во здравството кое пропаѓа во секој свој сегмент освен во делењето на тендери вредни 35 милиони евра на анонимни фирми.
  24. СДСМ треба да падне од власт заради концесиите за марихуана што си ги делат Заеви меѓу себе.
  25. СДСМ треба да падне од власт заради катастрофалната година  во земјоделието, кога речиси целиот род скапува по нивите, без пласман или извоз.
  26. СДСМ треба да падне од власт заради корумпирањето на медиумите со народни пари.
  27. СДСМ треба да падне од власт заради доделените грантови на фирмите на Анѓушев, Локвенец, снаата на Цветанка Ласкова, општински функционери на СДСМ, и ликови кои се поврзани со оваа партија.
  28. СДСМ треба да падне од власт заради корупцијата која расте на секој чекор и поради која Македонија паѓа на секоја меѓународна листа за перцепција на корупцијата, но во извештаите на Европската Унија
  29. СДСМ треба да падне од власт заради тоа што државната ЕЛЕМ ги ангажираше камионите на Вице Заев.
  30. СДСМ треба да падне од власт заради арачот кој го земаат од граѓаните со покачената акциза на горивата.

Овде не ги броиме лагите кои СДСМ ги кажуваше во време на изборите за 600 километри нов автопат, просечната плата од 500 евра, 100 илјади денари за докторите, повратокот на ДДВ за домаќинствата и стотици други ветувања кои ги даваа пред избори, а кои останаа само мртво слово на хартија.

Стоп за националното понижување и економското урнисување на државата. Народот гледа и народот ќе казни. Не може СДСМ да го победи растечкото незадоволство. Народот секогаш на крајот победува. Македонија ќе победи.

Коронавирус