сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалната влада на СДСМ да одговори на овие три прашања

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалната влада на СДСМ да одговори на овие три прашања

Однесувањето на СДСМ како да се паднати од Марс е смешно. Тие 9 месеци управуваат со државата и имаат апсолутна власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес сме февруари 2018та година, 9 месеци откако СДСМ формира влада и апсолутната власт носи и апсолутна одговорност, при што криминалната влада на СДСМ треба да одговори на следното:

  1. Зошто за 9 месеци не реализираа барем еден чекор за сузбивање на корупцијата?
  2. Зошто нема никаква одговорност за 2-цата членови на владата на СДСМ за кои нивниот шеф Заев соопшти дека се води постапка за корупција?
  3. Како го коментираат податокот што Македонија е прогласена за најкорумпирана земја во Европа?

Неспособноста на криминалната влада на СДСМ да престане да ги затскрива со јалови напади кон ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.