сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 60
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Крајот на Заев се ближи, нема да му помогне ниту политичкиот прогон, ниту затворање на новинари

ВМРО-ДПМНЕ: Крајот на Заев се ближи, нема да му помогне ниту политичкиот прогон, ниту затворање на новинари

Политичката кариера на Зоран Заев е завршена. Бегањето од дебати и одбивањето да одговори дали мирно ќе се повлече по изборниот пораз е доказ дека Македонија не е приоритет на единствениот аболициран политичар во Европа. Прв приоритет на Заев е личното богатење, а не демократските вредности во европска Македонија. Колку побргу се повлече Заев од политиката толку подобро за Република Македонија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

„Сите ја гледаат паниката која владее на Бихаќка. На Зоран Заев му е јасно дека досега е три пати аболициран, а тоа е последен пат некој да го спаси од одговорност за криминал. Знае дека после 12-ти април конечно ќе треба да одговара за сторениот криминал. Најпрво ќе му пресуди народот кој ќе му ја одземе власта, а потоа ќе му пресуди и ослободениот правосуден систем во Република Македонија. Свесни сме и за стравот на неговите соработници кои што заедно со него беа дел од злосторничкото здружување, дел од криминално рекетарската банда која ја нарекуваа Влада. Повеќе од јасен е и неговиот страв од дебата, откако на претходната дебата целата македонска јавност ја увиде неговата неспособност и некомпетентност да раководи со месна заедница, а не па држава.“

-12-ти април е се поблиску, укажувачите се погласни и побројни, а стравот се поголем. Нема ден, а јавноста да не дознае за некој нов криминал на Заев и неговата криминална банда. На аболицираниот Заев нема да му помогне ниту политичкиот прогон, ниту затворањето на новинари. Не помагаат ниту притисоците, уцените и заканите. никој повеќе не се плаши од човекот со свиткана кичма. Русковска и Јовевски нема да бидат тука вечно да го штитат аболицираниот Заев и неговата банда криминалци. нивните криминали се отворени како пупка во македонската јавност, потенцираат од партијата и подвлекуваат:

„Гласот за Заев е глас за криминалот. Да не дозволиме поддршка за криминалот. Да не дозволиме да украдат уште 4 години од нашите животи. Обновата доаѓа. Заев никогаш повеќе.“

Најнови вести

Коронавирус