четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов е лицемерен, срамно е што возниот парк на Заеви е колку 10 амбулантни возила

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов е лицемерен, срамно е што возниот парк на Заеви е колку 10 амбулантни возила

Директорот на струмичката болница го потврди хаосот и криминалот на семејството Заеви и Филипче во здравството, ова вечерва преку реакција го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека СДСМ и Филипче ги трошат парите од здравството на сопствен луксуз, скапи автомобили и хациенди, струмичката болница нема пари за ново амбулатно возило и бараа донации замислете на Фејсбук. И додека болницата во Струмица нема амбулантно возило, Заев кој самиот е оттаму го има во својата приватна колекција најлуксузниот автомобил во Македонија – Мајбах кој чини 400.000 евра. Додека болниците молат за помош семејството Заеви има 2 супер – луксузни автомобили Бентли, кое е речиси 200.000 евра, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Заев редовно се вози со 10 БМВ мотори, кои се купени на име на една од неговите фирми, а само еден мотор чини 35.000 евра.

-Здравството е во очајна состојба. Болницата во Струмица бара донации за возило. Нема ковид тестови, нема вакцини. Државата е во тотален хаос. Костадин Костадинов е лицемерен, бидејќи кога ВМРО-ДПМНЕ бараше три амбулантни возила за Струмица владата одговори дека нема потреба. А сега ќе се чека 2 месеци за ново возило.

Најнови вести

Коронавирус