вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 134
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Костадин лажни вести Костадинов повторно лаже и манипулира

ВМРО-ДПМНЕ: Костадин лажни вести Костадинов повторно лаже и манипулира

Костадин лажни вести Костадинов повторно лаже и манипулира. Претседателот Христијан Мицкоски бил стипендист на италијанската влада за време на магистратурата, а за време на докторирањето стипендист на Германија. Претседателот Хрситијан Мицкоски никогаш не кажал дека магистрирал и докторирал во странство, туку дека бил стипендист на тие држави и дека во истите поминал дел од својот студиски период, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ до портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

-Костадин лажни вести Костадинов повторно е наместен од својата партија или свесно шири лажни вести како што ширеше лажни вести и за наводниот судир на интереси на претседателот Христијан Мицкоски во врска со негов удел во фирма уште пред да влезе во високата политика, лага која му беше демаскирана од ДКСК. Костадинов лажеше тогаш. Костадинов лаже и сега. СДСМ само шири лажни вести, во паника од неминовниот изборен пораз на 12 април, потенцираат од партијата.