понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 55
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Корона заразата премина во фијаско и убедливо најлошо се справува Филипче со неа

ВМРО-ДПМНЕ: Корона заразата премина во фијаско и убедливо најлошо се справува Филипче со неа

Наместо Венко Филипче да дава апели со граѓаните, граѓаните апелираат до Филипче сериозно да ја сфати улогата и да превземе мерки против корона заразата, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Корона заразата премина во фијаско и државата споредено со сите околни земји убедливо најлошо се справува со короната. Филипче, Заев и Спасовски беше триото кое прогласи победа против пандемијата која од тогаш до сега одзема стотици животи. Наместо ПР Филипче преку државните механизми да превземе мерки за ублажување на последиците. Темата корона Филипце исто како и Заев ја користи за ПР и себепромоција иако резултатите се поразителни, истакнуваат од најголемата опозициска партија.

Филипче е во право кога вели дека вирусот не познава возрасни граници но воедно и популизмот и неспособноста на Филипче исто не познаваат граници, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус