четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 173
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Констатирана е одговорност кај Лазе Велковски, потребна е кривична одговорност

ВМРО-ДПМНЕ: Констатирана е одговорност кај Лазе Велковски, потребна е кривична одговорност

Констатирана беше одговорност за службена злоупотреба на бившиот директор на БЈБ Лазе Велковски. Кога веќе не е спорно дека има одговорност, тогаш не треба да биде спорно и кривично истиот да одговара за злоупотреба и неовластено користење на службени ресурси на МВР, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека Лазе Велковски како и неговиот надреден Министерот Оливер Спасовски треба да одговараат за злоупотреба на службена должност по членот 353 од КЗ. ОЈО е на потег.

-Истовремено одбегнувањето на кривична одговорност значи дека Власта штити криминал и злоупотреби и не сака спроведување на правната држава. Од тие причини државава е вбројувана меѓу најкорумпираните во Европа и токму затоа државата има негативен извештај за корупција од ГРЕКО, Советот на Европа. Доколку Велковски и Спасовски не одговараат ќе стане јасно дека неговото разрешување беше само гол популизам пред јавноста, се вели во соопштението.

Коронавирус