понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 17
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Компјутерите скапуваат, а ветувате европско образование

ВМРО-ДПМНЕ: Компјутерите скапуваат, а ветувате европско образование

Ветувавте европско образование, а компјутерите скапуваат по училишните подруми!

Со оваа власт, учениците не ги добиваат шансите што ги заслужуваат! После најтурбулентното кратење на средствата за образование во сите области, се отвара прашањето дали некој во оваа земја води сметка за квалитетот на образовниот процес!?
Проектот „Компјутер за секое дете“ е оставен на немилоста на образовните институции, кои наместо да се потрудат да ги искористат веќе добиените компјутери како алатки за нови знаења, ги оставија да собираат пајажини по подрумите.
Колку и да не ви се допаѓа проектот, не можете и не смеете да дозволите децата да ги трпат штетните последици од вашите политики! Проектот беше една од најголемите инвестиции во областа на образованието, со кој се обезбедија илјадници компјутери за основните и средните училишта.
Ваша должност е да го одржувате, развивате и унапредувате осмислениот проект. Последното нешто што смеевте да го направите е да ги оставите компјутерите да скапуваат, да се крадат или да завшруваат во отпад!
Со ваквата негрижа, по милионити пат се потврдува вашата безидејност и тоа овој пат, на грбот на учениците!
Ајде да речеме дека училиштата немаат инфруструктура, зошто тогаш не најдовте понаков, иновативен начин за искористување на доделените компјутери? Можевте многу работи да осмислите, ама толку ви е грижа за учениците и за пропаѓањето на веќе обезбедените средства!!!
Замислата на проектот беше создавање генерации кои ќе ги следат светските трендови, а не создавање дополнителен електронски отпад.
Наместо да го унапредувате, вие го уназадувате образованието затоа што го враќате традиционалниот систем на образование, додека светот се движи напред со брзина на светлината.
Ветивте успешни европски модели на образование, а апсолутно ништо не превземате на тој план!
Со ова уште еднаш докажувате дека не само што не сте способни да осмислите сопствени проекти, туку сте и некадарни за да ги одржувате веќе имплементираните, а за тоа ќе мора да сносите законска одговорност!

Напишаа на Фејсбук од комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ