сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 68
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Колку треба да си одлепен од реалноста за да реновираш во време на Корона?

ВМРО-ДПМНЕ: Колку треба да си одлепен од реалноста за да реновираш во време на Корона?

РЕКОНСТРУКЦИЈА ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА

Колку треба да си одлепен од реалноста за да реновираш во време на Корона?
Колку треба нерационално да размислуваш и во време на криза, да мислиш да реконструираш?
Дали во вакви времиња треба да се раководиш од желбата за брзо богатење?

Овие прашања очигледно не си ги поставил Градоначалникот на Општина Новаци, затоа што и покрај најавите за огромни кратења во буџетот, тој наивно си ја продолжил постапката за реконструкција на просториите на општинската зграда.

На 14.02.2020 година, Општина Новаци објавува тендер за реконструкција на општинската зграда. Договорот во износ од 25.000.000.000 денари го склучува на 24.03.2020 година. Во меѓувреме, во државата се прогласува вонредна состојба, се предвидуваат пренамена на средства, дури матичната партија на Градоначалникот предвидува и мерки за намалување на платите на администрацијата.

Но, тоа не било пречка Градоначалникот да го реализира планот за разубавување на административниот објект на општината, па без грам грижа на совест “заробил” неверојатни 400.000 евра за реконструкција. Наместо да се погрижи да воведе мерки за заштита на населението и да направи план како овие средства да помогнат на економијата во неговата општина, тој без капка емпатија си продолжил по првобитниот план.
Овој случај е само еден од низата на лоши примери кои постојано ги воочуваме и посочуваме на јавноста. СДСМ во ниту еден случај не го докажа спротивното-дека постои подготвеност личните интереси да се жртвуваат во корист на општото добро. Оваа партија, со нејзините кадри е олицетворение на се’ она кое не го заслужува Македонскиот народ.

Затоа, ќе си одат! И тоа на клоци!

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести

Коронавирус