сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 46
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Колку луѓе треба да ги загубат своите животи за Заев да си даде оставка?!

ВМРО-ДПМНЕ: Колку луѓе треба да ги загубат своите животи за Заев да си даде оставка?!

Колку луѓе треба да ги загубат своите животи за Заев да си даде оставка?! Нека каже Заев уште колку трагедии треба да и се случат на државата за некој да понесе одговорност?! Ако си даде оставка Заев не се распушта државата, само тој си дава оставка едноставно е! Оставка од Заев, Филипче и Хасани мора да има, и тоа не е распуштање на државата како што сака да претстави Заев, тие не се ниту аристократи, ниту пак државата е нивна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Институциите ќе продолжат да постојат и да функционираат и откако Заев, Филипче и Хасани ќе си дадат оставки. Заев не е судија кој треба да ги цени извештаите и наодите на експертите, тие ќе бидат основа за кривична одговорност на Хасани и Филипче, од која нема бегање. Заев треба само да ги разреши Хасани и Филипче зошто тоа е моралната одговорност, а потоа и тој да си поднесе оставка. Не може 14 луѓе живи да изгорат, а никој за тоа да не одговара. Насекаде низ светот министри понесуваат одговорност и за најмала трагедија поврзана со нивниот ресор, а Заев не сака да понесе одговорност за 14 живи изгорени луѓе,  наведуваат во партиското соопштение.

Коронавирус