недела, 19. септември 2021. Вести денес: 68
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Кочани гори – молеле за хеликоптер да помогне за гасење, но не добиле помош, ама затоа има хеликоптери за екскурзии на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Кочани гори – молеле за хеликоптер да помогне за гасење, но не добиле помош, ама затоа има хеликоптери за екскурзии на Заев

Додека власта се слика на приватната прослава во Крушево, пожар уништува куќи во Кочани, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е нивното соопштение: 

Според последните информации, во Кочани но и на други низ Македонија пожарите уништуваат имоти на граѓани. Хеликоптерите наместо за екскурзии на министри потребни се за вакви моменти, да се спасат животи и имоти на граѓаните. Според информациите граѓаните на Кочани цел ден молеле да им се испратат хеликоптери и никој од власта не ги послушал. Ако интервенираа хеликоптерите во текот на денот сигурно состојбите немаше да излезат од контрола. Жалиме што развозувањето по настани на Заев е побитно од животите и имотите на граѓаните.

Властите треба да интервенираат веднаш, да ги мобилизираат сите капацитети и да го спасат градот Кочани, но и другите населени места околу кои беснеат пожарите.

Коронавирус