недела, 27. септември 2020. Вести денес: 62
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Клиниките се преполни со граѓани со респираторни проблеми, додека функционерите од СДСМ си играат игрици

ВМРО-ДПМНЕ: Клиниките се преполни со граѓани со респираторни проблеми, додека функционерите од СДСМ си играат игрици

СДСМ навистина да се залагаше против загаденоста на воздухот, немаше да сме познати во светот по загадувањето. СДСМ да се грижеше за народот и за неговото здравје немаше да бега од одговорност, туку ќе преземеше мерки против загаденоста, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Од партијата додаваат дека единствено СДСМ успеа да ги исклучи мерните станици каде што загаденоста ја надминува границата на рекордно ниво.

„Клиниките се преполни со граѓани со респираторни проблеми, додека функционерите од СДСМ си играат игрици. Народот ќе го казни СДСМ, бидејќи докажа дека нема намера ниту пак капацитет да го реши овој проблем кој што го загрозува нивното здравје.“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус