четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 20
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди најмалку еден универзитет да се рангира меѓу првите 1.000 на Шангајската листа

ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди најмалку еден универзитет да се рангира меѓу првите 1.000 на Шангајската листа

Три години откако е СДСМ на власт, Македонија стагнира во секое поле. За три години СДСМ не вложи денар ниту во образованието и културата. Во Македонија културата  стана предмет на политичка трговија, програми и пари кои се делат, не по квалитет туку по бизнис и политички мотиви. Образованието веќе три години не е во фокусот на оваа криминална влада, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

„По 12-ти април потребно е воспоставување на концепт на обнова која ќе донесе коренити реформи, квалитет и мотивација во образованието и културата. Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе овозможи најмалку еден Универзитет да биде во првите 1.000 според Шангајската листа за квалитет. Денес нема Универзитет од Македонија кој е меѓу 1.000 најдобри во светот.  Македонија не постои на мапата за квалитет во високото образование.“

-ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го овозможи со најмалку еден универзитет кој според својот квалитет ќе се рангира на Шангајската листа. Македонија да стане извозник на наука, извозник на знаење. По 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира својата влада ќе донесе обнова на државата врз основа на реални мерки, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Коронавирус