петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради ветерен парк во Миравци

ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради ветерен парк во Миравци

По 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата Влада ќе следи обнова која ќе значи почист воздух и повеќе здравје за граѓаните, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека еден од клучните приоритети на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде животната средина и чистиот воздух.

-ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе донесе до 50-тина проценти почист воздух во првиот мандат. Тоа подразбира намалување на загадувањето за 50 проценти. Оваа ќе значи реализација на целосна гасификација на државата, создавање на услови гасот да биде достапен до секое домаќинство и да стане широко распространет енергенс кој ќе се користи. Воедно тоа подразбира и негово користење од државните институции како и од компаниите кои се загадувачи. Истовремено новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира во зелени еко проекти и нови вложувања во екологијата. Сето ова сериозно ќе го намали загадувањето или најмалку до 50-тина проценти на крајот од мандатот од тоа што е состојбата сега. Почист воздух за повеќе здравје. ВМРО-ДПМНЕ обврзува на обнова која подразбира инвестиции во обновливи извори на енергија. Ветерен парк Миравци за складирање на енергијата. за прв пат изградба на таков проект во нашата држава. Ветерен парк Миравци кој што ќе располага со ветерен потенцијал со вкупна инсталирана моќност и производство на електрична енергија од 300 GWh, се наведува во соопштението.

Системот за складирање на оваа електрична енергија ќе овозможи енергијата која што се произведува во периодите кога има вишоци да биде складирана и истата во периоди на недостаток да биде испорачана до потрошувачите. Со што ќе бидат опфатени околу 6.000 домаќинства.

-По 12-ти април ќе дојде обновата на Република Македонија. Обновата ќе значи повеќе за секој граѓанин на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус