среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 196
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци се оградува од повикот за протест на Митко Јанчев

ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци се оградува од повикот за протест на Митко Јанчев

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци во целост се оградува од повикот за протест пред седиштето на партијата испратен на полноќ од страна на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

-Наместо полноќни статуси на Јанчев сметаме дека местото за протест е онаму каде седи причината за сите проблеми на граѓаните, а тоа е Владата на Зоран Заев. Оттука ВМРО-ДПМНЕ како партија која се бори против политиките на Зоран Заев кои нанесуваат штета на државата очекува свој придонес во падот на оваа власт да даде и Митко Јанчев. За сите негови останати размисли ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија со легитимно избрано раководство и постојат начини и процедури тоа да биде дискутирано, порачуваат од партијата.

Најнови вести

Коронавирус