среда, 22. мај 2019. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Картелот на власт на чело со Заев работи директно на штета на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Картелот на власт на чело со Заев работи директно на штета на граѓаните

Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил, ова е став на СДСМ, поради кој не го прифаќаат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на акцизата на дизелот, со цел намалување на цената на дизелот, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се наведува дека картелот на власт на чело со Зоран Заев работи директно на штета на граѓаните.

-Покачувањето на акцизата може не влијае врз функционерите на СДСМ, но исклучително оптоварувачки влијае врз Буџетот на граѓаните. Околу 50 милиони евра годишно е директната штета за граѓаните, земјоделците и стопанството од покачувањето на акцизата на дизелот. Индиректната штета, која резултира со покачување на цените на сите продукти и услуги е уште поголема. Граѓаните живеат полошо од пред една година. Цените растат, а стандардот на граѓаните паѓа. Просечната платата во февруари е за околу 900 денари пониска од платата во јануари. Во исто време цените на мало растат, а трошоците за живот се се поголеми, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата државата оди кон банкрот.

-Јавниот долг на државата ја надмина психолошката граница од 5 милијарди евра. Државата се задолжува по неколку пати во месецот, а граѓаните не знаат за што и како се трошат нивните пари. Хаосот мора да запре. Република Македонија мора да се врати на вистинскиот пат. Република Македонија заслужува просперитетна иднина, која ќе гарантира силна економија и институции кои ќе бидат сервис на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ги поканува сите обесправени, сите оние разочарани и излажани од Зоран Заев и криминалниот картел кој го води, на голем антивладин собир на 02 јуни во 20 часот пред зградата на Владата на Република Македонија. Да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.