понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Каква е вмешаноста на екс советникот на Заев, Сокол во инцидентот со полицијата во Кисела Вода кој се крие од јавноста

ВМРО-ДПМНЕ: Каква е вмешаноста на екс советникот на Заев, Сокол во инцидентот со полицијата во Кисела Вода кој се крие од јавноста

Вчера повеќе медиуми пренесоа дека по завршувањето на работното време на угостителските објекти во Кисела Вода дошло до инцидент каде вербално, со пцости и вулгарности се нападнати полицајци кои предупредиле за забраната за групирање. Меѓу групата која се конфронтирала со полицијата беше пренесено дека е и омилениот екс советник на Заев, а сега директор на истражниот затвор Шутка Филип Андов Сокол, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат дали е точно дека во инцидентот бил вклучен Филип Андонов Сокол?

-Каква е вмешаноста на екс советникот на Заев, Сокол во инцидентот со полицијата во Кисела Вода кој се крие од јавноста? Зошто не е поднесена пријава од полициката за сите други освен за екс советникот на Заев? До кога Скопје и Македонија ќе биде заложник на бандити кои се над законот? Наместо одговорност Зоран Заев ги става на пиедестал насилниците и бандитите, се наведува во соопштението на партијата.

Коронавирус