сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 131
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Каде се ветените вакцини од Грција и Бугарија? Зошто молиме, наместо да набавиме како што набавија Србија и Албанија

ВМРО-ДПМНЕ: Каде се ветените вакцини од Грција и Бугарија? Зошто молиме, наместо да набавиме како што набавија Србија и Албанија

Неспособноста и неодговорноста на власта граѓаните ја плаќаат со своето здравје и своите животи. Венко Филипче и Зоран Заев наместо да обезбедат навреме вакцини за граѓаните беа посветени во градење куќи и набавки на златни лажици, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека затоа Македонија е 5-та земја во светот по смртност од КОВИД-19, и последна земја во Европа која ќе набави вакцини.

-Во услови кога над 87 илјади лица заболеа, а скоро 2.700 починаа во епидемијата, Заев и Филипче немаат абер да набават час поскоро вакцини. Ја лажеа јавноста дека вакцините само што не дошле, дека Бугарија ќе ни донира, дека Грција набавува за нас, ама и Бугарија и Грција добија вакцини, а Македонија веќе во средина на јануари нема добиено ниедна вакцина, се наведува во соопштението.

Да потсетиме што лажеа Филипче и Заев, велат од партијата:
-„Бугарија од секоја набавка на вакцини против КОВИД-19 ќе одвојува дел за нашата земја, кои ќе ги добиваме како донација“, најави министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференцијата по враќањето од Софија. Бугарија веќе ја очекува втората набавка на вакцини, а од првата немаме добиено ниту 0,1%.
– „Грција веќе нарача за нив (Вакцини), направи нарачка и за нас“- рече Заев уште минатата година, а пратката кај нашиот јужен сосед одамна пристигна, но нема никаква нарачка за нас.

-Патем, Србија, Албанија и сите земји во Европа веќе набавија вакцини и отпочнаа со вакцинирање на своето население. Зошто Заев и Филипче не набавиле вакцини како што тоа го направија Албанија и Србија. Зошто сме доведени во ситуација да молиме вакцини од некого, наместо да постапиме како нашите соседи кои најдоа начин да го заштитат здравјето и животите на своите граѓани. Заев и Филипче треба да понесат одговорност затоа што доцнат набавките на вакцини. Поради тоа секој ден заболуваат и умираат луѓе. Нивната неспособност чини нечие здравје и за тоа мора некој да сноси одговорност, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Локални избори 2021