вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 5
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува позитивната одлука на Советот на министри, го очекуваме и датумот за првата меѓуминистерска конференција

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува позитивната одлука на Советот на министри, го очекуваме и датумот за првата меѓуминистерска конференција

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува позитивната одлука на Советот на министри за надворешни работи  на Европската Унија, а воедно го очекуваме и датумот за првата меѓувладина конференција со земјите членки на ЕУ.

-Европските определби се наша стратешка ориентација и преставува одлука темелена на заедничките напори на владите од потпишувањето на Спогодба за стабилизација и асоцијација од 2001-та година до сега, како и последователните 10 позитивни извештаи на Европската Комисија. Како што се посочува и од самата Унија потребно е да се исполнат голем број на реформи особено во правосудството, борба против корупцијата, економијата и заштита на стандардот на граѓаните. Зоран Заев и СДСМ ја понижија, омаловажија и опустошија Македонија, доаѓа времето кога ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ги направи граѓаните и Македонија горди, стои во нивното соопштение.

Од таму додаваат дека добрата вест за граѓаните е што после следните парламентарни избори владата на ВМРО-ДПМНЕ успешно ќе ги спроведе преговорите и на брза трака ќе ја внесе државата во ЕУ.

Парламентарни избори 2020