недела, 22. мај 2022. Вести денес: 101
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ изразува жалење за жртвата од сообраќајната несреќа, Спасовски и МВР да реагираат и преземат одговорност

ВМРО-ДПМНЕ изразува жалење за жртвата од сообраќајната несреќа, Спасовски и МВР да реагираат и преземат одговорност

ВМРО-ДПМНЕ изразува длабоко жалење за жртвата, прерано загубениот живот на 24 годишна девојка, во вчерашната сообраќајка на булеварот Партизански одреди.

„Ова не е првпат во последните неколку години луѓе да ги губат животите на улиците и патиштата, и секогаш притоа одговорноста изостанува.

И после 24 часа од МВР молк. Спасовски се фали со некакви бројки за намален број на сообраќајни несреќи, а во исто време штанцаат афери.

Криминалци прават сообраќајки и се на слобода. Власта испраќа порака на неказнивост и го стимулира хаосот  на улиците.

Апелираме до МВР и Спасовски да го расчистат случајот во најкраток можен рок, но и да ги зголемат контролите на улиците и патиштата.

Во исто време го повикуваме Спасовски да преземе одговорност. Тој е 6 години министер за внатрешни работи, а безбедноста од година во година е се полоша.

Спасовски е неспособен да менаџира со МВР, и хаосот во државата, неказнивоста на криминалот и страдањето на граѓаните е поради неговата неспособност“, стои во нивното соопштение до јавноста.

Коронавирус