недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Излегуваат на површина монструозните судски нарачки на Заев, случај граден на лажни искази, за кој има и награди – Русковска главен обвинител, а Кацарска уставен судија

ВМРО-ДПМНЕ: Излегуваат на површина монструозните судски нарачки на Заев, случај граден на лажни искази, за кој има и награди – Русковска главен обвинител, а Кацарска уставен судија

Стручни вештаци потврдија дека случајот 27-ми април е граден врз основа на лажен исказ. Овој случај од СДСМ и Зоран Заев е брутално злоупотребен за индивидуален и политички атак врз ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека полека но сигурно излегува на површина монструозното злосторство и судските нарачки на Зоран Заев за овој случај.

-Луѓе лежат во затвор поради исказ на сведок кој според стручните вештаци дал лажен исказ. Од друга страна Заев ги награди тие кои што ја водеа оваа хајка. Денес Вилма Русковска е главен обвинител која останува слепа на бројни криминални скандали, додека судијката Добрила Кацарска е нов Уставен Судија. Ако се има во предвид дека досега е познато дека Заев лично како премиер праќал пораки до неговиот советник и белосветски мешетар Басановиќ кому му ја исполнува желбата обвинетата во Меѓународниот сојуз Мандиќ да не и биде доделен притвор, притоа директно влијаејќи на обвинителите и судиите од предметот, ако се има во предвид дека Заев јавно на аудио снимките се фалеше дека носел трас-трас одлуки селективно да паднат случаи од обвинителството, па потоа му се случи Рекет каде е вмешан целиот државен врв, и каде главниот осуден посочи дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заев, може само да се замисли каква монструозност стои зад конструкциите поврзани со случајот 27-ми април. Зоран Заев е директно одговорен што после 4 години правдата останува недостижна за обичниот граѓанин. После 4 години тој се откажа од неговиот ветинг, затоа што истите Сваровски и трас-трас судии станаа најверните слуги на Заев. Заев е извор на проблемите и тој мора да оди, се наведува во соопштението на партијата.

Коронавирус