вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 178
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ изготвува седумгодишен план кој значи сигурен развој, вистинска економска револуција, повеќе пари и инвестиции во сите области

ВМРО-ДПМНЕ изготвува седумгодишен план кој значи сигурен развој, вистинска економска револуција, повеќе пари и инвестиции во сите области

Правиме 7 годишен план кој значи сигурен развој, вистинска економска револуција, ние на тој начин ќе одгвориме, со економска револуција, која ќе донесе повеќе пари и повеќе инвестиции во сите области. Тоа е вистинскит пат напред, а не шарените лаги за божемни мед и млеко од утре само да распродадеме се што некој го стекнал пред нас. Тоа пат во кој се ослонуваме на нас самите на вас народот и со заеднички сили и посветеност тоа ќе биде патот на успехот и напредокот. Ние веруваме во вас и бараме и вие да верувате во себе, ова претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го вети пред граѓаните на Струмица денеска на протестниот марш.

-Има една култна реченица во „Црно Семе“ на Ташко Горгиевски подоцна преточена во легендарна реплика на големиот Ристо Шишков кој седејќи пред очите на мајорот кој го принудува да пеат песни, овој одговара: „да пееме господине мајоре, само која песна, вашата или нашата“. Ова се историски мигови за нашата земја, времиња кои преку нашите потези не опишуваат она што сме и какви сме. Да покажеме ние македонците но и сите останати, Турците, Албанците, Бошњаците, Србите, Ромите, Власите, да покажеме кои сме и што сме, и како што отсекогаш низ историјата сме знаеле, мудро и вешто, но и решително и без страв свесни за идејата за која се бориме, да опстоиме и да испишеме еден пасус во нашата современа историја. И кај еден дел загрижени луѓе сосема оправдано во извесна смисла очите се вперени во ВМРО затоа што луѓето имаат надеж, затоа што луѓето знаат дека секогаш кога на нивната татковина со векови наназад и била потребна потпора ВМРО бил тој пилар кој секогаш се исправал пред предизвиците, така ќе биде и овој пат, ВМРО-ДПМНЕ е лекон за ова цунами кои и се случува на Македонија. Сите оние кои што не делат сакаат да не видат разединети, денеска читам текстови од луѓе кои што мене ме навредуваат, ме омаловажуваат, понижуваат, ќе сме се распаднеле лево, десно, ќе сме оделе ваму, таму. Сакам да им порачам дека не само што ќе ве разочарам ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било по сплотено, а ќе биде уште по сплотено кога ќе дојде денот, потенцира Мицкоски.

Тој додава дека ВМРО било Македонија, ВМРО е Македонија и ВМРО секогаш ќе биде Македонија, затоа што народот и неговите автохтони идеи и интереси се нашите создавачи, поддржувачи и нашата иднината! Додека постои ВМРО ќе пости Македонија, и обратно! Бесцелни се обидите да не класифицираат како леви, десни, граѓански, прави, криви. ние сме се од тоа и ништо од тоа во исто време: левичари кога се работи за работничките права, десничари кога се работи за националните интереси, либерали во економијата… ВМРО-ДПМНЕ е уникатна на тој начин, затоа што била организација пред да стане партија. Го сакаме само најдоброто за својата Татковина и не ни се важни етикети и дефиниции. Она што сите не спојува е силната верба во идеалите и целите на основачите, и подготвеноста на секоја жртва тие цели да се остварат.

-Денес е и посебен ден за Струмица и ВМРО-ДПМНЕ. На 8 ми јули 1990 година со почеток во 13 часот започнало Основачкото Собрание на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, кое се борело за македонска полиција, војска, за македонска фудбалска репрезентација, за македонски институции, академија на науките, влада и бидете горди на тие луѓе. Ете не, пак се движевме покрај паметниците, на нашиот Борис, покрај Мучето и Сандански под раширените рацете на апостолот Гоце до пред Собранието. Сите нека видат дека Македонија има чеда достојни на предците и посветени на потомците. И да кажеме силно, пред цел свет: Македонија ќе победи! А силата сте вие. Секој еден од вас. И нема предавање ниту откажување. Нема предавање, најлесно најлесно било да се покорат и петте струмички студенти, но со нивниот пркос и саможртва тие се запишале во вечноста и затоа се стиховите: „Беласицо крикни и заплачи, за петте твои синови. Пецев, Белев, Јарамов, Топчев и Костуранов. Нивната крв младешка ги натопи твоите дрвја столетни. Македонија на својот пат кон вечноста мора секогаш да ги спомнува петте струмички студенти во илјада деветсто педесет и првата стрелани“, вечна им земја, рече Мицкоски.

Тој вели и дека после дождот доаѓа сонце и истото ќе дојде за нас многу побрзо од што некој мисли.

Најнови вести

Коронавирус