сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 131
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата ги голта парите на граѓаните, платите тапкаат во место, нема раст

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата ги голта парите на граѓаните, платите тапкаат во место, нема раст

Инфлацијата ги голта парите на граѓаните, платите тапкаат во место, нема раст. Само во последната година цените на основните производи во малопродажба пораснаа и до 20%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Според сите прогнози и тврдењето на стопанствениците може да се очекува раст на цените во малопродажба и до 50% во наредниот период. На ценовниот шок кој ни следи ни претстои и енергетска криза која е на прагот и сето тоа заради неспособноста на власта, наместо да го развиваат РЕК, тие го молзеа преку тендери. Наместо да инвестираат во енергетиката, тие крадеа. За лошата ситуација во економијата е виновна власта, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека парите од буџетот не завршија кај граѓаните и фирмите, никој не знае на што се трошеа 5 буџети.

Коронавирус