ИК на ВМРО-ДПМНЕ вчера одржа седница на која што се расправаше за општествено економската состојба во државата. Презадолжувањето на државата, повлекувањето кредити без реална потреба и без реализација на никакви проекти, според сите анализи водат кон економски крах. Никој не знае на што и како се трошат милионите евра од задолжувањето, кои ќе ги враќаат идните генерации, велат од партијата.
-ИК на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека на оваа несовесна политика мора да се стави крај. Државата не може да продолжи по патот на расипништво. На состанокот беа разгледани и неколку кадровски прашања. ИК именуваше и два портпароли, Наум Стоилковски и Димче Арсовски, стои во соопштението и се додава:
ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе и одлука за избор на претседатели на следните ОК:
- Иван Јорданов – Штип
- Мирче Аџиоски – Струга
- Бошко Цветковски – Лозово
- Коста Маневски – Зелениково
- Анри Андоноски – Крива Паланка
- Ѓорѓи Граматиков – Дојран
- Митко Костадиновски – Виница
- Никола Атанасов – Берово
- Јован Тозиевски – Ресен
- Миле Лефков – Кочани
- Ненад Јовчевски – Тетово
- Дарко Костовски – Бутел
- Сашо Донев – Охрид
- Иванчо Тошевски – Битола
ИК на ВМРО-ДПМНЕ заклучи и дека треба да запре злоупотребата на институциите и државните ресурси за партиски потреби.