петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Има доволно време за транспарентен и релевантен попис, во спротивно се докажува дека Заев подготвува фалсификат

ВМРО-ДПМНЕ: Има доволно време за транспарентен и релевантен попис, во спротивно се докажува дека Заев подготвува фалсификат

Зоран Заев е нервозен затоа што ВМРО-ДПМНЕ го фати во обид да го фалсификува пописот, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев сака да спроведе талибански попис, како што организираше талибански избори. Заев не кажува ни по која методологија ќе се прави пописот и ја држи во незнаење и јавноста, но не ги прифаќа ни предлозите на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ бара Заев да ја сфати сериозноста на статистичката операција попис и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за набавка на 10.000 терминали за отпечатоци од прст со кој ќе се спроведе вистински попис и ќе имаме реална слика. Само со набавка на терминали со отчитување за отпечатоци од прсти ќе се попише резидентното население и ќе се направи дистинкција на резидентите од државјаните, односно луѓето кои поседуваат македонско државјанство но не живеат во државата, се наведува во соопштението од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека апаратите за отпечатоци и така треба да се набават неколку месеци подоцна за локалните избори.

-Пописот е стратешка операција врз база на која произлегуваат податоци врз основа на кои се спроведуваат политики на државата на среден и долг рок. Токму затоа Заев да ја сфати сериозни оваа операција и да ги надмине внатрепартиските превирања во корист на Македонија, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Коронавирус