петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 134
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Или колосална лага или колосална грешка, Заев за вакцини зборува со британската тајна служба, знае ли човеков што зборува?

ВМРО-ДПМНЕ: Или колосална лага или колосална грешка, Заев за вакцини зборува со британската тајна служба, знае ли човеков што зборува?

Или колосална лага или колосална грешка, кој е Заев да се слуша со тајната британска служба замислете за вакцини, велат во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема вакцини против корона ни на повидок, а Заев излегува и на телевизија кажува дека се зборувал со претставници на тајни служби?!

Знае ли овој човек што прави?!

Дополнително, Заев ќе тера попис, а во меѓувреме ги затвора граѓаните дома.

Граѓаните ги затвора, ама дома ќе им праќа невакцинирани попишувачи кои поминале кој знае колку домови.

А, вакцини нема ниту да за вакцинација на сиот медицински кадар, за останатите како возрасни, лица со хронични болници нема ни на повидок.

Тоа е таа политика на Филипче и Заев затвори ги граѓаните по домови, ама бркај си ги работите, пуштај им на граѓаните по дома невакцинирани попишувачи.

Тоа е план за ширење на короната, а не за спречување.

Помина повеќе од една година и поради неспособноста на власта короната само се шири.

Едноставно е, невозможно е да се затворат граѓаните дома, а власта да им праќа невакцинирани попишувачи и да си тера попис!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Локални избори 2021