вторник, 27. јули 2021. Вести денес: 170
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: И три дена откако хеликоптер на МВР се користеше како такси, за Заев нема одговорност од Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ: И три дена откако хеликоптер на МВР се користеше како такси, за Заев нема одговорност од Спасовски

Спасовски наместо да пушти хеликоптер за некој од скоро 4.000 починати од КОВИД 19, кои ја изгубија битката со оваа болест, често и заради задоцнето примање во болница, тој го претвори хеликоптерот од МВР во такси на Заев. Хеликоптерот не летна ниту еднаш за ниту еден ризичен случај, но лета за Заев и Филипче, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ,

„Смешни се обидите на Заев за вадење од калта во која сам потона. Доколку хеликоптерот на МВР е поефтино превознк средство од автомобилите, тогаш очекуваме тој веднаш да биде ставен на располагање на болниците низ државата, и да транспортира пациенти, наместо владини функционери. Доколку не е поефтин, што е и реалноста, Спасовски да каже колку ја чинеше државата летањето на Заев? Дали летањето на Заев чинеше 1.000.000 денари? И зошто тие пари наместо во борба против пандемијата се потрошија за хирот на Заев?“ – се наведува во нивното соопштение.

Коронавирус