Секојдневно граѓаните се гушат во неспособноста на власта предводена од аболицираниот Заев. Црнила буквално надвиснаа над сите граѓани. Секоја година повеќе од 3 илјади лица се директна жртва на енормно загадениот воздух, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Додека милиони евра власта троши за набавка на луксузни автомобили, мебел, лубриканти, се кратат ставките во буџетот за заштита на животната средина, а гасификацијата остана само уште едно неостварено ветување на СДСМ. Откако СДСМ ја превзема власт, потрошија 7 милијарди евра пари на граѓаните, а граѓаните се уште не добија решение за нај горливиот проблем, проблемот кој одзема илјадници животи годишно, проблемот со загадувањето на воздухот. редизборните ветувањата на СДСМ за чист воздух и здрава животна средина, останаа само мртво слово на хартија и уште една обична лага, во црната книга на неостварени ветувања наречена „План за живот“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.