петок, 4. декември 2020. Вести денес: 42
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Македонија се спротиставија на криминалот кој ги доживува своите ѕвездени моменти со владеењето на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Македонија се спротиставија на криминалот кој ги доживува своите ѕвездени моменти со владеењето на Заев

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека македонската јавност гледа како поимот криминал ги доживува своите ѕвездени моменти за време на владеењето на Зоран Заев и картелот на власт.

-Заев и картелот кој го води треба да и објаснат на македонската јавност како за една година успеа да го купи струмичкиот гигант „Герас Цунев“, по цена од обична гарсониера, како влегоа во милионскиот бизнис со марихуана и како токму нивните камиони превезуваат руда за потребите на „РЕК Битола“. Зоран Заев го пресликува неговиот криминален бизнис модел од Струмица на територијата на цела Република Македонија.  Принципот „едно евро за Вице“ станува карактеристика на работењето на оваа криминална власт, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија велат дека граѓаните излегоа масовно и недвосмислено кажаа дека се против криминалите на власта, тонењето на државата, стагнација на економијата и злоупотребата на институциите.

-Граѓаните на Република Македонија се спротивставија на неправдите и понижувањата од страна на власта и распродажбата на државните и националните интереси. Република Македонија и нејзините граѓани заслужуваат подобра иднина и квалитетен живот за себе и идните генерации.  Затоа мора веднаш да се расчисти со транзиционите политичари и да дојде една нова генерација на политичари кои размислуваат поинаку и ќе придонесат за доброто на граѓаните и државата. ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори заедно со претседателските, техничка влада 100 дена пред избори и претседател на ДИК по предлог на опозицијата. Само така ќе се креираат еднакви услови за фер избори.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат граѓаните ќе го победат криминалниот картел на Заев и ќе стават крај на неговото неславно и неспособно владеење со Република Македонија, дека Република Македонија заслужува подобро, граѓаните заслужуваат подобро.

 

Коронавирус