среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 134
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Градот Скопје тоне, а управата врши криминален избор на партиски војници за членови на управни и надзорни одбори

ВМРО-ДПМНЕ: Градот Скопје тоне, а управата врши криминален избор на партиски војници за членови на управни и надзорни одбори

Градот Скопје, претседавачот на советот на градот Скопје Љубица Јанцева и градоначалникот Петре Шилегов на шверцершки начин, со сомнеж за неисполнување на зконските услови именуваат членови на управни и надзорни одбори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тие ги кријат нивните биографии поради две причини: прво или тие не ги исполнуваат пропишаните услови за познавање на странски јазик и потребно тригодишно искуство од областа, или второ меѓу назначените лица има партиски војници, членови на партиски тела на СДСМ со што тие вршат отворена партизација на институциите.  Бидејќи се фатени во тесно Градот Скопје и Шилегов не се произнесува на темата, и се обидува преку евтин спин и лажна вест да дефокусира дека кревањето на оваа тема е поради одлуката на советот да се наплаќа по повисоки тарифи на вода од досегашните во однос на компаниите сместени во некогашна железара, спомнувајќи го бизнисменот Минчо Јорданов, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека на оваа тема треба да се познати три факти:

  1. Одлуката за укинување на повластена тарифа на вода беше подржана и изгласана и од советниците на ВМРО-ДПМНЕ,
  2. г. Минчо Јорданов беше вицепремиер во влада на СДСМ и тој никогаш не може да се каже дека бил функционер на ВМРО-ДПМНЕ,
  3. Остана да лебди неодговорено прашањето, за тоа кои лица се именуваа во УО и НО на градската управа? Дали со именување на партиски кадри секако не се остварува предизборното ветување за професионализација на институциите, туку напротив нивно целосно партизирање.

-Сето ова фрла сомнеж дека Градот Скопје тоне, а управата врши криминален избор на партиски војници за членови на управни и надзорни одбори, истакнуваат од партијата.

Коронавирус