среда, 19. декември 2018. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Берово за 100 дена избрка 20 лица и си ја вработи сопругата

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Берово за 100 дена избрка 20 лица и си ја вработи сопругата

Во првите 100 дена градоначалникот на Берово постигна многу. Избрка од работа 20-тина лица, а на местото на бремена наставничка ја вработи сопругата, реагираат од беровската организација на ВМРО-ДПМНЕ.

„Освен ова, под притисок на градоначалникот Звонко Пекевски, извршена е корекција на распоредот на предметните наставници, при што неговата сопруга доби часови само во Берово. Останатите патуваат и по 15 километри“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ Берово и додава дека од работа е избркана штотуку породена наставничка.

„Господине Пекевски, фатете се за работа, 100 дена ви летнаа за џабе во празно. ВМРО-ДПМНЕ како опозиција будно го следи вашето работење, кое засега е само еден празен лист хартија. За секоја ваша намерна или ненамерна грешка која ќе ја направите нашата јавност ќе биде навремено известена, а впрочем кога за тоа ќе дојде ред, а ќе дојде бргу, таа и ќе си го каже своето“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.