четврток, 19. јули 2018. Вести денес: 133
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Голем антивладин собир на 2-ри јуни, да тргнеме во битка и да ја поразиме оваа ненародна влада

ВМРО-ДПМНЕ ги поканува сите обесправени, сите оние разочарани и излажани од Зоран Заев и криминалниот картел кој го води на голем антивладин собир на 02 јуни во 20 часот пред зградата на владата на Република Македонија. Да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ: Голем антивладин собир на 2-ри јуни, да тргнеме во битка и да ја поразиме оваа ненародна влада

Република Македонија со СДСМ на власт тоне. Економијата стагнира, правната држава е деградирана, институциите се злоупотребуваат, а Буџетот се користи како средство за богатење на криминалниот картел на чело со Зоран  Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Една година СДСМ е еднакво на една година катастрофа за државата. Економијата лани немаше раст. Растот беше 0%. Стопанството е во општ пад. Стандардот на граѓаните е се полош, а платите на граѓаните во февруари се за 867 денари помали од платите во јануари оваа година. Градежништвото, гранка која е мотор на економијата е во стагнација. За 45% е помал бројот на издадени градежни дозволи во март оваа година, во однос на март лани. На државата и се  случува економска катастрофа во режија на економското цунами, Заев – Тевдовски- Анѓушев. Во исто време безбедноста е нарушена, граѓаните не се чувствуваат сигурни. Нерасчистени убиства, грабежи и палења автомобили станаа наше секојдневие. Правната држава е разнишана во своите темели, а правосудните органи не одлучуваат по закон, туку по диктат. Додека обичниот граѓанин се казнува за најобичен прекршок, премиерот кој е фатен како флагрантно бара поткуп под политички притисок бега од кривична одговорност, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека власта лажно и декларативно се залага за евроатлантска интеграција, а всушност ништо не презема во таа насока.

-Реформите каскаат , додека власта ги враќа изборните долгови на штета на државата и граѓаните. Република Македонија оди во непосакуван правец. Остатоците од транзицијата со последни сили сакаат да ја остават државата во мрачниот период на минатиот век. Картелот сака да ја одржи ситуацијата на заробена држава  и нефункционални институции, кои ги креираа за да ги штитат од санкцијата до која неминовно мора да дојде. ВМРО-ДПМНЕ ги поканува сите обесправени, сите оние разочарани и излажани од Зоран Заев и криминалниот картел кој го води на голем антивладин собир на 02 јуни во 20 часот пред зградата на владата на Република Македонија. Да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.